НЕВРАБОТЕН СИ?
ПРИЈАВИ СЕ ЗА БЕСПЛАТНА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОСНОВНИ IT ВЕШТИНИ – WORD и EXCEL

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да учествуваат и да се стекнат со глобално признаен сертификат за дигитална писменост, кој е дел од Европската рамка за корисници на Информатичка и компјутерска технологија, но и дел од Законот за административна селекција на Јавни службеници на Република Македонија.

Кој сè може да се учествува?

Право на учество имаат СИТЕ евидентирани невработени лица кои се пријавени како активни баратели на работа, со завршено средно и високо образование.

Каде се пријавува?

Пријавувањето може да се направи во најблиската канцеларија на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. Сите заинтересирани кандидати треба да кажат дека се пријавуваат за мерката на АВРМ за “Бесплатна сертификација на основни IT (информатички) вештини – Word и Excel”

Кој е начинот на полагање и како до испит?

Процесот на полагање ќе се одвива во два круга.
Првиот квалификациски круг ќе се одвива со полагање на квалификациски тест кој ќе се одвива on-line на Интернет платформа. Секој пријавен кандидат ќе биде информиран за начинот на полагање на квалификацискиот тест.

Најдобрите 1000 влегуваат во вториот официјален круг на полагање, кое ќе се одржува во Скопје и уште неколку поголеми градови во Република Македонија. За повеќе информации околу локацијата на полагање (тестинг центар) најблиска до Вашето место не живеење контактирајте не на e-mail: contact@certiadria.com.

Кои испити можат да се полагаат?

Секој кандидат може да се пријави за следните испити*:

  • Microsoft Office Specialist Word 2010
  • Microsoft Office Specialist Excel 2010

* Дозволено е секој кандидат да се пријави за еден или за двата испита.

Бесплатната сертификација е во рамките на Оперативниот план за услуги на пазарот на трудот и активни програми и мерки за вработување, активната мерка Сертификација за активно познавање на компјутерски програми, финансирана од Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

За повеќе информации за тестирањето и процесот на пријавување слбодно контактирајте не на e-mail: contact@certiadria.com или на телефон: 071 260 492.