+389 78 44 18 67 contact@certiadria.com

Управување и развој на човечки капитал

Управување и развој на човечки капитал

HR Академија

Конкурс за запишување на студенти

Академска 2020/21 година

Професори на HR Академија

Предавачи на HR Академија

Почеток на курсот
23 Окт 2020
Број на часови
180
Цена на курсот
74.160 МКД + ДДВ
Аплицирај

HR Академијата го овозможува новиот пристап на човечките ресурси- дигитализација на сите процеси и услуги во човечки ресурси преку употреба социјални, мобилни, аналитички и клауд технологии. Кои се најновите трендови во дигитализацијата на човечки ресурси како континуиран процес во една организација.

Програмата за HR Академијата е дизајнирана да може преку настава со лично присуство но и онлајн да се обезбеди максимално практично знаење и подготовка на HR професионалците. Предавачите на секој модул се експерти во својата деловна област со долгогодишен професионален ангажман во областа во која работат, со работно и консултантско искуство во интернационални компании и предавачи на високо образовни институции. Учесниците имаат задолжително присуство на 75% од 9те модули и се води дневник на присуство заради обезбедување на квалитетот.

HR Академијата го применува менторскиот пристап. Секој учесник има можност за консултации со својот ментор за времетраење на процесот на учење.
На располагање стои и административен координатор за учесниците за сите останати прашања кои не се поврзани со содржината. Во текот на наставата со учество ќе бидат присутни и гости предавачи кои ќе го пренесуваат своето практично искуство поврзано со темата во тој Модул. Секој учесник кој успешно ќе заврши добива сертификат од Clear View BTC HR ACADEMY и можност за лична препорака.

  1. Стратешки HR менаџмент
  2. Правни аспекти
  3. Регрутација и селекција
  4. Мотивација на вработени и задоволство од работа
  5. Развој на вработени
  6. Перформанс менаџмент
  7. Плати, наградување и финансиски аспекти
  8. HR аудит и HRIS
  9. Англиски за HR
  • Да анализирате предности и недостатоци на одреден облик на организациската структура во функција на бизнис процесите, бизнис климата и опкружувањето;
  • Да планирате процес на регрутација и селекција;
  • Како да привлечете најдобри таленти и да ги дефинирате клучните елементи во процена на таленти и управување со нивниот развој
  • Да поставите компетенции, очекувања и работни стандарди
  • Да правите евалуација на работната изведба и учинокот по модел 360 и 180 (модели и примери од различни ставови) и дадете фидбек
  • Да направите проценка на потребата од HRIS
  • да поставувате системи за мотивација на вработените со алатките за мерење на задоволство/посветеноста на вработените и да ги користите теориите за мотивација во секојдневната пракса
  • да го одредите клучот за задоволни вработени и да спроведете анкета за испитување на задоволството на вработените.
  • Да дефинирате индивидуален план за развој на вработените според потребите, да го процените трошок за истото и да изберете обучувачи, провајдери и консултанти
  • Да ја задржите целата база на знаење на вработените и по нивното заминување од компанијата
  • Да воведете и користите менторство во компанијата;
  • да управувате со човечките ресурси почитувајќи ги законските норми
  • да состават оглас за вработување и да изработите Договори за вработување, Анекси, Решенија и планови за годишни одмори
  • Да изработите разни видови одлуки, во согласност со позитивните законски прописи во нашата држава и правилници за ситематизација на работните места
  • Да изготвувате планови за плати, наградување на вработените;
  • да работите на планирање на обуки и да пресметувате поврат на инвестиција од обука.

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултанти со предавања во текот на часовите.

Секој учесник кој успешно ќе заврши добива сертификат од Цертиадриа HR ACADEMY и можност за лична препорака.

Анета Секуловска
Business Development Executive
+389 70 357 591
aneta@semos.com.mk